Почитувани,
во рамки на програмата за реконстукција и санација на локални улици и патишта на Општина Илинден, се продолжува со реконстукција на улица „8“ во н.м. Илинден.

За таа цел, ги известуваме граѓаните дека утре 02.06.2025 година (понеделник), заради асфалтирање на дел од улица „8“, улицата ќе биде затворена за сообраќај во период од 10:00 до 15:00 часот.

Ги известуваме возачите во тој период да ги користат другите алтернативни патишта за сообраќање. Апелираме за разбирање и внимателност при движење во сообраќајот.

Ви благодариме за соработката.