Почитувани,
Во рамки на програмата на општина Илинден за реконстукција и санација на локални патишта и улици, ќе се отпочене со реконстукција на коловозот и изградба на пешачка патека со одводнување на улица 8 во населба Илинден и истата ќе се работи во фази и етапно.
За таа цел ги известуваме граѓаните дека на делот од кружниот тек на влезот во н.Илинден до надвозникот за исклучок кон автопатот Скопје –Куманово (кај аптеката Зегин), ќе има градежни активности и механизација како дел од фаза 1, и ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај со регулација на истиот.
Дополнително автобусите на ЈСП Скопје со број 66 во периодот на реконструкција на патот ќе имаат измена на дел од трасата и ќе се движат од кружниот тек по улица 9 во н.Илинден и 532 до раскрсницата на улица 500 во н.м Марино од каде ќе продолжи со движење по стандардната рута.
За таа цел апелираме за разбирање и соработка како и внимателност при движење во сообраќајот, почитувајќи ја воспоставената траса на движење и одвивање на сообраќајот.
Ви благодариме за соработката.