Се известуваат граѓаните дека од 16.11.2021 година (вторник), ќе продолжат градежните работи на реконструкција на улица „532“, во должина од 2000 метри.
На местото на изведување на градежните работи ќе се применува изменет времен режим на сообраќај, со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Активностите на улицата „532“ ќе се изведуваат по делници и притоа сообраќајот ќе се одвива со користење на алтернативни улици.

Автобусите ќе се движат по ул. „500“- Марино и дел од ул „11“ во Кадино, се до раскрсницата Кадино-Миладиновци-Бунарџик.

Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.