Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 14.08.2025 година (четврток), во период од 07:00 до 19:00 часот, поради изведување на градежни активности за реконструкција на коловоз, односно поставување на нов асфалтен слој на дел од улица „2“, на потегот од исклучокот на автопатот кај Хотел Белви до завршување на надвозникот во населба Илинден, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај.
За таа цел ги известуваме граѓаните и учесниците во сообраќајот, во тој период да ги користат алтернативните патишта за движење, како и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Ви благодариме за соработката.

