Се  известуваат жителите  на општина Илинден дека од (понеделник) 31.10.2022 година, започнува реконструкцијата на железничкиот  премин Илинден.

Реконструкцијата ќе биде изведена  со нова  модерна патна подлога од рециклирани гумени елементи според високи стандарди.

Со оваа модерна подлога значително ќе се  подобри сообраќајот и ќе овозможи  зголемена безбедност за сите   во патниот сообраќај во нашата општина.

Времетраењето на реконструкцијата на железничкиот патен премин Миладиновци се предвидува да биде завршено за неколку дена во зависност од временските прилики, период во кој овој премин ќе биде целосно затворен за употреба.