Се известуваат граѓаните на општина Илинден дека од ( среда) 12.10.2022 година започнува реконструкцијата на железничкиот премин Дељадровци со нова модерна подлога од рециклирани гумени елементи според високи стандарди, новата подлога ќе овозможи лесно поминување преку железниката пруга, и ќе се намали амортизацијата на автомобилите.
Времетраењето на реконструкцијата на железничкиот патен премин Дељадровци се предвидува да биде завршено за 9 (девет) дена, период во кој овој премин ќе биде целосно затворен за употреба.
Општина Илинден по реконструкцијата на железничкиот патен премин Дељадровци ќе ги реконструира и премините Миладиновци и Илинден, со оваа модерна подлога значително ќе се подобри сообраќајот и ќе овозможи зголемена безбедност за сите во патниот сообраќај во нашата општина.
Финансиската конструкција ја обезбедува општина Илинден во соработка со Македонски железници и инфраструктура.