Се известуваат граѓаните на општина Илинден дека од (среда) 19.10.2022 година, започнува реконструкцијата на железничкиот премин Миладиновци со нова модерна патна подлога од рециклирани гумени елементи според високи стандарди, тоа ќе овозможи лесно и брзо поминување преку железниката пруга, и ќе се намали амортизацијата на автомобилите.
Времетраењето на реконструкцијата на железничкиот патен премин Миладиновци се предвидува да биде завршено за 9 (девет) дена, период во кој овој премин ќе биде целосно затворен за употреба.
Општина Илинден по реконструкцијата на железничкиот патен премин Миладиновци ќе го реконструира и преминот Илинден, во моментот се работи и на реконструкција на железничкиот патен премин Дељадровци кој е во завршна фаза.

Со оваа модерна подлога значително ќе се подобри сообраќајот и ќе овозможи зголемена безбедност за сите во патниот сообраќај во нашата општина.
