Почитувани,
Ве известуваме дека системот за поднесување на барања за плаќања за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производство на пченица, јачмен, пченка и сончоглед од програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделство за 2022 година е ставен во функција.
Рокот за поднесување на барањата е 31 мај 2022 година. Во однос на останатите мерки од програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2022 година Ве известуваме дека нема да се поднесува електронско барање, односно:
- За подмерката 2.1. од оваа програма реализацијата ќе се врши врз основа на податоци за предадени и заклани грла јагниња за период од 1 јануари 2022 до 31 мај 2022 година кои до Агенцијата ќе ги достават регистрираните кланични капацитети во Република Северна Македонија до 15 јуни 2022 година,
- За подмерката 2.2 од оваа програма реализацијата ќе се врши врз основа на податоци за предадени и заклани грла гоеници за период од 1 февруари 2022 година до 20 април 2022 година до Агенцијата ќе ги достават регистрираните кланични капацитети во Република северна Македонија до 15 мај 20222 година, и
- За подмерката 2.3. од оваа програма ќе се врши врз основа на рачно поднесени барања и доставен документ издаден од официјален ветеринар за бројната состојба на несилки на денот на извршена контрола од страна на официјален ветеринар во период од 7 до 15 април 2022 година, кои се наоѓаат на одгледувалиштето на барателот и се на возраст за производство на конзумни јајца, најдоцна до 30 април 2022 година.
Барањата може да се поднесат секој работен ден од 9.00 до 16.00 часот во просториите на Подрачна единица на МЗШВ Гази Баба