Почитувани,  

Во рамки на програмата на општина Илинденза реконстукција и санација на локални патишта и улици, се врши целосна реконстукција на дел од улица 9 и дел од улица 532 во населните места Илинден и Марино.

 За таа цел ги известуваме граѓаните дека на овој дел на улиците 9 и 532 ќе има градежни активности и механизација како и ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај со регулација на истиот, при што ќе се користат алтернативните патишта што гравитираат околу патниот правец што се реконструира.

За таа цел апелираме за разбирање и соработка како и внимателност при движење во сообраќајот, почитувајќи ја воспоставената траса на движење и одвивање на сообраќајот.

Градежните активности се планираат да бидат завршени за еден месец.

Ви благодариме за соработката.