Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 09.08.2025 година (сабота), во период од 08:00 до 11:00 часот, локалниот пат во н.м. Кадино на потегот од кружниот тек до раскрсницата на локалниот пат за н.м Мралино, ќе биде целосно затворен за сообраќај, поради изведување на градежни активности за изградба на фекална канализација.
За таа цел ги известуваме граѓаните и учесниците во сообраќајот во тој период да ги користат другите алтернативни патишта за движење. Воедно, апелираме за разбирање и внимателност при одвивање на сообраќајот.
Ви благодариме за соработката.

