Ве известуваме дека Општина Илинден отпочна со градежните активности за целосна реконструкција на коловозот на локалниот пат Бујковци – Мршевци
Со градежните работи ќе се опфати целосна промена на коловозната конструкција на улицата со поставување на нов асфалтен слој.
За време на изведбата на градежните работи ќе има воспоставен посебен режим на сообраќај пришто ги замолуваме граѓаните учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да се движат во овој дел.
Ќе се работи на потегот од мостот во н.м. Бујковци до мостот на влезот во н.м. Мршевци во периодот од 07:00 до 17:00 часот.

