за информирање на граѓаните и засегнатите страни,

за проект кој предвидува реконструкција/адаптација на објект и ставање на увид на документот од јавен интерес – „Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА)” во Општина Илинден.

Со цел развој на социјалните услуги на локално ниво Министерството за социјална политика, демографија и млади во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги – ППСУ поддржан од Светска Банка, објави јавен повик за аплицирање на проекти од страна на локалните самоуправи и доделување на грантови за таа намена. Општина Илинден аплицираше со проект за развивање на услугата Помош и нега во домот.

Со цел запознавање на граѓаните и засегнатите страни за планираните активности за реконструкција/адаптација на простории во рамки на истоимениот проект, изработен е документ од јавен интерес „Листа за проверка (чек-листа) за план за управување со животната средина и социјални аспекти”. Истата содржи анализа на влијание врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализација на проектот, како и предвидени мерки за ублажување.

Документот се става на јавен увид на веб страните на Проектот за подобрување на социјалните услуги (https://www.ssip.mk/dokumenti-za-komponenta-1/) и на веб страната на Општина Илинден (https://ilinden.gov.mk/download/lista-za-proverka-za-plan-za-upravuvanje-so-zhivotnata-sredina-i-socijalni-aspekti/).

Забелешки или прашања за проектот може да се доставуваат во рок од 7 дена од објавување на Известувањето, на следниот линк:

-официјалниот формулар за прашања и поплаки во рамки на ППСУ –https://www.ssip.mk/tvoe-prashanje/ и на ilinden@ilinden.gov.mk е-маил на Општина Илинден.

Министерството за социјална политика,
демографија и млади
23.05.2025