Почитувани,
Ве известуваме дека од утре 24.06.2025 година се до завршување на градежните активности во периодот од 07:00 до 17:00 часот, во должина од 500 метри, на локалниот пат Кадино – Мралино ќе се врши реконструкција на патот и истиот ќе биде затворен во тој период.
Градежните активности ќе се вршат од страна на градежната компанија „БИТЕМ ДООЕЛ“ ангажирани од страна на општина Илинден.
Навремено Ве информираме да се запази безбедноста на движење на возилата во сообраќајот и пешаците на горенаведената улица, односно локалниот пат Кадино – Мралино.

