Почитувани граѓани ,
Ве известуваме дека на територија на општина Илинден на пругите на делницата Илинден – Драчево, Драчево – Скопје и Драчево – Зелениково Јавното претпријатије за железничка инфраструктура Железници на РСМ-Скопје започна со реализација на Проект за ремонт на пругите при што се засилени градежни активности на терен.
Со оглед на тоа дека на овие делници постојат повеќе патни премини, а во интерес на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, ги замолуваме граѓаните на општина Илинден да внимаваат при преминување на пругите, бидејќи градежните активности ќе траат одреден период.
Додека се одвиваат градежните активности, особено е важно граѓаните да знаат дека можни се повремени исклучувања на сигнализацијата на патните премини, особено внимателни треба да бидат и земјоделците, коишто ќе имаат зголемени земјоделски активности, а кои со својата механизација треба безбедно да ги користат патните премини.
Напоменуваме дека според сообраќајните прописи, доколку не функционира сигнализацијата на патниот премин, брзината на возот се намалува, возот застанува пред патниот премин, брзината на возот се намалува, возот застанува пред патниот премин и со звучна сигнализација го најавува неговото поминување преку патниот премин, а сите возила (патнички автомобили, автобуси, градежна или земјоделска механизација) имаат обврска да застанат.

