Почитувани,
Ве известувме дека во рамки на проектот за изградба на фекална канализација во н.м. Илинден, на ул.3, ул.5, ул.7 и дел од ул.2 (м.в Ограѓе) ќе се отпочне со градежни активности на терен. Со активностите е опфатена изградба на фекална канализација на 5 (пет) краци во вкупна должина од 960 метри, работите на терен ќе ги изведува ЕХИ ДОО и Фабрика Карпош АД Скопје.
За време на реализација на проектот, ќе се врши ископ и поставување на шахти и цефки за фекална канализација пришто апелираме до граѓаните за соработка, почитување на поставената сигнализација и внимателност при движење во периодот кога се одвиваат градежните активности.