Почитувани,
Ве известувме дека во рамки на проектот за реконструкција на коловозот на локалниот пат Миладиновци-Бујковци, во деновите 13 до 15 јуни 2023 година (вторник, среда и четврток), ќе се врши асфалтирање на коловозот со нов асфалтен слој и патот ќе биде целосно затворен за сообраќај, со цел навремено и квалитетно да бидат завршени градежните активности.
Во таа насока има изменет режим на сообраќај на автобусите на ЈСП Скопје, како и воедно би апелирале до граѓаните за разбирање и почитување на поставената сообраќајна сигнализација на патот.