Почитувани,
Во рамки на програмата на општина Илинден за реконстукција и санација на локални патишта и улици, се работи на целосна реконстукција на улица 36 во н.Илинден, улица која е во локалната зона Карагач и која ги поврзува населените места Илинден и Ајватовци.
За таа цел ги известуваме граѓаните дека на ден 12.05.2024 година (недела) во времетраење од 08:00 до 16:00 часот оваа улица ќе биде целосно затворена заради асфалтирање на улицата со завршен слој на асфалт.
Сообраќајот ќе биде пренасочен преку населеното место Бунарџик.
Апелираме до граѓаните за придржување на поставената сообраќајна сигнализација како и разбирање за воспоставениот времен режим на сообраќај.
На овој начин сите заеднички ќе придонесеме за успешно реализирање на овој проект.
Ви благодариме за соработката.