Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 12.09.2025 год. (петок ) со почеток во 22:00 часот, ќе се изврши четвртото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Акцијата ќе се реализира согласно Програмата за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Илинден за 2025 година. Теристичкото прскање против комарци ќе се спроведува со УЛВ ладно замаглување од специјално возило.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Ако временските услови не го дозволат теристичкото прскање, тоа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.