Општина Илинден започна со изградба на нова линија на фекална канализација на улица 11, во должина од околу 200 метри. Новата канализациона линија ќе биде изведена со полиетелиенски цевки со димезија Ø 200 и со истата ќе бидат опфатени околу 10-тина домаќинства. Новоизградената фекална канализација на улица 11, ќе се поврзе на фекалната канализација од припадна површина ПП8 Илинден.

Увид во работните активности направија градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод” – Илинден, Ивица Трипуновски.

-Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден, истакна градоначалникот Георгиевски. Канализацискиот систем во Илинден припадна површина 8, е во должина од околу 4000 метри, и на истиот има можност да бидат опфатени околу 330 домаќинства од ова населено место, како и други јавни објекти. Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да работи на обезбедување на квалитетна комунална инфраструктура со цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во локалната заедница.