Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден.

Во таа насока, извршена е целосна, изградба и асфалтирање на нова индустриска улица „9“ и дел од улица „16“ во локална економска зона Стопански комплекс Илинден во должина од 360 метри и ширина од 7 метри, како и поставување на нова пешачка патека од двете страни на улицата со ширина од 1,5 метри. Новоизградената улица се работи во координација со општествено одговорните компании Ред Шпед и ТЕХНОТРАНС – Скопје.

Увид во текот на асфалтирањето направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека изградбата и асфалтирањето на оваа улица значително ќе ја подобри функционалноста во работењето на стопанските субјекти од локалната економска зона.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење.