Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 и став 3 и член 48 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19 и 14/20 ), член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број бодови од постапката за селекција во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/15 и 35/18) и одредбите од Правилникот за систематизација на работните места во Општина Илинден бр. 04-2947/1 од 07.12.2015 година, Општина Илинден а во согласност со Годишниот план за вработување на Општина Илинден за 2022 година, Општина Илинден објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 01/2022
за унапредување на административни службеници
во Општина Илинден
Општина Илинден објавува Интерен оглас за унапредување на 4 ( четири) административни службеници за следните работни места:
- УПР 01 01 В02 000– Виш соработник за нормативно правни работи во Одделение за подршка на Градоначалникот, нормативно правни и општи работи-1 извршител
Општи услови
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
стручни квалификации и тоа:
– за нивото В2 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен: правни науки
Работно искуство
-за нивото В2 најмалку 2 (две) години работно искуство во струката;
Општи работни компетенции за средно ниво
решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, финансиско управување.
Посебни работни компетенции
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
Распоред на работното време:
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 08:00 до 16:00
Паричен нето износ на плата:
Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додаток на плата за ниво изнесува 24.400,00 денари.
- УПР 01 01 В02 000– Виш соработник за администрирање на даноци и такси во Одделение за финансиски прашања-1 извршител
Општи услови
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
стручни квалификации и тоа:
– за нивото В2 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен: правни или економски науки или организациони науки и управување (менаџмент)
Работно искуство
-за нивото В2 најмалку 2 (две) години работно искуство во струката;
Општи работни компетенции за средно ниво
решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, финансиско управување.
Посебни работни компетенции
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
Распоред на работното време:
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 08:00 до 16:00
Паричен нето износ на плата:
Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додаток на плата за ниво изнесува 24.400,00 денари.
- ИНС 01 01 В01 001- Советник инспектор за комунални работи во Одделение за инспекциски надзор-Инспекторат-1 извршител
Општи услови
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
стручни квалификации и тоа:
– за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен: биохемија или машинство или правни науки;
Работно искуство
-за нивото В1 најмалку 3 (три) години работно искуство во струката;
Општи работни компетенции за средно ниво
решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, финансиско управување.
Посебни работни компетенции
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
Распоред на работното време:
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 08:00 до 16:00
Паричен нето износ на плата:
Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додаток на плата за ниво изнесува 26.400,00 денари.
- УПР 01 01 Г01 000– Самостоен референт за прием и достава на списи и акти во Одделение за урбанизам-1 извршител
Општи услови
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
стручни квалификации и тоа:
– за нивото ниво на квалификациите VA или според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование:средно образование гимназија
Работно искуство
-за нивото Г1 најмалку 3 (три) години работно искуство во струката;
Општи работни компетенции за средно ниво
учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, ориентираност кон странките/засегнати страни, финансиско управување.
Посебни работни компетенции
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
Распоред на работното време:
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 08:00 до 16:00
Паричен нето износ на плата:
Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додаток на плата за ниво изнесува 16.500,00денари.
Административниот службеник треба да ги усполнува и следните услови:
-да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван;
-да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;
-да поминал најмалку две години на истото ниво и
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот.
На интерниот оглас може да се јават административни службеници вработени во Општина Илинден кои ги исполнуваат општите и посебните услови и работни компетенции за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво согласно Законот за административни службеници и во Правилникот за систематизација на работните места во Општина Илинден.
Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место преку архивата на Општина Илинден до Одделението за управување со човечки ресурси како и до службената електронска адреса covecki.resursi@ilinden.gov.mk со назнака за интерен оглас број 01/2022 и реден број на работното место за кое аплицираат.
Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат и следните документи:
-потврди за успешно реализирани обуки и/или
-потврда за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник).
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази се верни на оригиналот.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.
Постапката ќе ја спроведе посебно формирана Комисија за селекција за унапредување. Кандидатите ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката и тоа:
-фаза 1- административна селекција за спроведување најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување и
-фаза 2- спроведување на интервју во рок од 5 дена од завршувањето на фаза-1.
Напомена: кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од натамошна постапка.
Прилози: