Во општина Илинден со интензивно темпо се спроведува градежната офанзива за подобрување на патната инфраструктура во сите населени места.

За таа цел, а во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта отпочна изградбата на улица „15“ во населба Илинден со вкупна должина од 270 метри и ширина од 5,5 метри.

Увид во работните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека оваа улица е од големо значење за жителите во овој дел на населба Илинден. Во рамки на градежните работи по целата должина на улицата ќе биде изграден и тротоар, како и систем за зафаќање и одведување на атмосферските води со поставување на цевасти пропусти.

Градоначалникот додаде дека во наредниот период ќе се продолжи со изградба, реконструкција и санација и на други улици со цел подобрување на патната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот како и овозможување квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден.

Галерија: