Општина Илинден во насока на подобрување на јавниот сообраќаен превоз кој го врши Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје и е под дирекна надлежност на Градот Скопје, за чиешто ангажирање Општина Илинден врши редовна исплата на услугата која ЈСП Скопје ја дава кон граѓаните.

Општина Илинден во изминатиот период имаше повеќе забелешки за нередовноста и ненавременоста на автобускиот превоз, како и потребата за нови дополнителни сообраќајни линии за граѓаните од населените места во Општината. Континуирано се доставувани писмени дописи и ургенции на барањата за постапување од страна на ЈСП Скопје, со цел да се подобри квалитетот на јавниот превоз за нашите граѓани.

Дел од барањата, за жал не се целосно исполнети од ЈСП Скопје, за што Општина Илинден повторно ќе реагира и ќе бидеме доследни во нашите намери да го интензивираме и подобриме јавниот превоз на територија на Општина Илинден, согласно потребите на граѓаните.