Општина Илинден интензивно работи на обновување и поставување нова урбана опрема во сите населени места, со цел разубавување на просторот и создавање поквалитетни услови за одмор и рекреација на жителите.
Во изминатиот период, на неколку локации се реализирани активности за уредување на јавниот простор. Во населеното место Марино е изградена нова автобуска постојка, додека околу спортското игралиште во Кадино старата заштитна ограда е заменета со нова бигована мрежа. Во Бујковци е поставена нова кошаркарска табла, а во Дељадровци е набавена и монтирана нова детска лизгалка во рамки на постојното детско игралиште. Исто така, во населеното место Ајватовци е поставен метален столб со кошаркарска табла и обрач.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со активности за поставување нова урбана опрема и уредување на просторот во сите населени места, со цел разубавување на секој дел од општината и подобрување на животниот стандард за сите жители.