Општина Илинден и оваа година ги вклучува граѓаните во креирањето на Буџетот за наредната година, такашто од денеска 15.11.2023 година до 30 ноември 2023 година ќе се реализира процесот на изработка на новиот Буџет за 2024 година.

Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните.

Посветени на оваа цел, ги повикуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица за активно учество во креирање на новиот буџет со свои предлози за подобрување на условите за живот, да ги посочат предлозите, потребите и проблемите со кои се соочуваат во општината.

Ваквата инклузивна можност со директно учество од страна на сите граѓани, здруженија и правни лица ќе овозможи ефективни механизми за подобрување на квалитетот на локалните услуги и ќе воспостави процеси на одговорност, транспарентност и отчетност на локалната власт.

Општина Илинден ги повикува и охрабрува сите граѓани предлозите преку пополнување на анкетен лист да ги испратат по електронски пат на официјалната е-маил адреса ilinden@ilinden.gov.mk , или директно во архивата на општината секој работен ден до 30.11.2023 година.

Предлозите ќе бидат анализирани од соодветните сектори, согласно финансиските можности, остварливоста и издржливоста на проектите и ќе бидат интегрирани во нашите буџетски програми.

ПРИЛОГ: Анкетен лист за Буџет 2024 (PDF)