Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со Министерот задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, Шабан Салиу.

На средбата се разговараше за унапредување на меѓуинституционалната соработка и можностите за реализација на заеднички проекти од интерес на граѓаните. Беа разменети мислења и идеи за креирање политики и активности насочени кон подобрување на условите за живот, со посебен акцент на инклузијата и еднаквите можности. Притоа, беше истакната важноста од координирано делување помеѓу локалната и централната власт со цел реализација на проекти кои ќе придонесат за поквалитетен живот на сите граѓани.

Градоначалникот Георгиевски ја нагласи заложбата на Општина Илинден за градење современа, инклузивна и развиена локална заедница, во која сите граѓани ќе имаат еднакви можности за напредок и активно учество во општествениот живот.

Општина Илинден и во иднина ќе продолжи со континуирани заложби за подеднакво подобрување на животот за граѓаните од сите населени места.