Во просториите на Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски оствари работна средба со претставници на Општина Херцег Нови, со цел воспоставување и унапредување на идната соработка во областа на културата и меѓународните односи.
На средбата присуствуваше началничката за култура од Општина Херцег Нови, Ана Замбелиќ Пиштало, придружувана од ликовниот уметник Ѓуро Лабурда, писателката Вишња Косовиќ, како и претставничка од тамошните локални медиуми.
Во конструктивна и пријателска атмосфера, се разговараше за можностите за развој на културна, уметничка и институционална соработка меѓу двете општини. Посебен акцент беше ставен на организацијата на заеднички културни настани, размена на уметници и искуства, како и продлабочување на меѓусебната соработка.
Градоначалникот Георгиевски ја потенцираше подготвеноста на Општина Илинден за отворање нови перспективи за меѓународна соработка и воспоставување партнерства што ќе придонесат за културен развој на двете општини.
Средбата претставува значаен чекор кон реализација на идни заеднички проекти и иницијативи од заемен интерес, кои ќе придонесат за унапредување на културната размена и соработка помеѓу Илинден и Херцег Нови.

