Во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа состанок со Gernot Walter координаторот за Западен Балкан во Владата на Штаерска, Република Австрија. На состанокот присуствуваше м-р Александар Георгиевски, градоначалник на Општина Илинден и Претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион, како и проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука и проф. д-р Ордан Чукалиев, проректор за меѓународна соработка.
Состанокот се реализира во функција на запознавање со Стратегијата за Западен Балкан на Австриската покраина Штаерска, воспоставување соработка, како и идни заеднички проекти.
Преку здружување на капацитетите на УКИМ и Скопскиот плански регион, преку заеднички проекти, како дел од Western Balkan Focus, стратегија на Владата на Штаерска, Република Австрија, ќе се оствари синергетски ефект, со што ќе се реализира Triple helix односно Quadruple helix моделот за поттикнување на економскиот и социјалниот развој.