Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска зема активно учество во Јавната расправа на тема ,,Национална развојна стратегија-значењето на локалната самоуправа и регионалниот развој која се одржа во рамките на Комисијата за локална самоуправа при Собранието на Република Македонија.

На Јавната расправа се разгледуваа предложените системски промени како и предложените стратешки цели и приоритети во рамките на Националната развојна стратегија. Градоначалникот Георгиевски  се осврна на улогата и значењето која ја има локалната самоуправа во унапредување на регионалниот развој како и потребата од продолжување на процесот на децентрализација.