По повод одбележувањето на 13 Ноември, 80 години од ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска го посети Наце Петрушевски од населено место Бучинци кој има 103 години и е единствениот жив борец од Илинден, кој учествувал во НОБ.

При посетата градоначалникот Георгиевски му врачи плакета на дедо Наце за особен придонес и учество во Народно ослободителната борба на Македонија.

Во посета кај Наце Петрушевски беше и Никола Ангеловски – Коле, најмлад курир учесник во НОБ, кои раскажуваа за нивниот животен пат и борба за слободна Македонија.   

При нашата посета дедо Наце не почести со една убава македонска патриотска песна.