ООУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци денеска го посети градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој изврши увид на повеќе активности кои се реализирани во изминатиот период, како во централното така и во двете подрачни училишта во населените места Текија и Мршевци.
Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека во ова училиште во изминатиот период направени се инвестиции се со цел да се подобрат условите за учениците и спроведување на квалитетен воспитно образовен процес.
Во ПОУ во Текија поставен е котел на пелети со цел подобрување на условите во училиштето во текот на зимските месеци, а во ПОУ во Мршевци опремена е мини спортска сала за реализирање на часовите по физичко образование на учениците. Во двете подрачни училишта извршено е уредување на внатрешните простории.
Во централното училиште во Миладиновци со цел подобрување на образовниот процес обезбедени се две смарт табли, уредување на просториите, обновени се подовите, старите врати се заменети со нови, набавени се две инвертер клима уреди. Направени се инвестиции и во техничката опрема во училиштето, во надворешниот дел извршено е хортикултурно уредување, поставени се корпи за отпадоци, набавена е косилка за уредување на зелените површини. Во училишната библиотека зголемен е библиотечниот фонд со лектирни изданија за учениците од прво до деветто одделение, како и набавка на униформи за техничкиот персонал и наставниците по физичко образование.