Растат индустриските капацитети на територија на општина Илинден. Градоначалникот Александар Георгиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и дитекторот на ТИРЗ, Гоце Димовски присуствуваше на поставувањето камен темелник за нова фабрика на Чагатај Кабло, водечки производител на кабли и електрична опрема, во Технолошко-индустриската зона Скопје 1, во општина Илинден. Новата инвестиција која е во вредност од 6 милиони евра ќе создаде 200 нови работни места и ќе има големо влијание врз економскиот раст како во општината, така и во регионот.
Градоначалникот Георгиевски изјави дека оваа инвестиција е важен чекор не само за Чагатај Кабло, туку и за целата општина Илинден, како и дека поддршката на локалните и странски инвеститори е клучна за економскиот развој и зголемувањето на работните места.
„Нова фабрика како оваа, значи нови можности за нашите жители и нови перспективи за регионот. Ние како Општина Илинден ќе продолжиме да ја поддржуваме индустријата и да создававме поволни услови за вакви важни проекти.“ – истакна градоначаникот Георгиевски.
Овој проект на Чагатај Кабло е значаен не само за развојот на македонската индустрија, туку и за економскиот раст на општина Илинден. Поддршката на Владата за странски и домашни инвестиции создава поволни услови за нови работни места. Со изградбата на новата фабрика, Чагатај Кабло ја потврдува својата посветеност на развојот на индустријата, а Општина Илинден ќе продолжи да ја поттикнува економската активност и да создава нови можности за сите граѓани. Проектот, кој се очекува да биде завршен до крајот на следната година, ќе претставува значајна придобивка за локалната заедница и за целата држава.

