Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и секретарот на Град Скопје Ѓоко Велковски присуствуваат во повеќедневна посета на Вишња Гора, Република Словенија.
При посетата градоначалниците Георгиевски и Стефковски присуствуваа на меѓународен настан на кој ги презентираат инвестициските потенцијали со кои располагаат двете општини.
Покрај инвестициските потенцијали, градоначалниците на своите колеги од Словенија им ги презентираа и проектите финансирани од меѓународни фондови кои во изминатите години се реализирани во општините Илинден и Гази Баба.
Покрај присуството на настанот, градоначалниците ќе склучат и Меморандум за соработка помеѓу општините Иванчева Горица, Гросупље, Гази Баба и Илинден.
Заедничката соработка помеѓу општините ќе се однесува на размена на искуства за реализација на проекти од меѓународни фондови кој во иднина би се реализирале во областите: комунални услуги и инфраструктура, култура, спорт и образование, туризам, мобилност и енергија, здравје и сигурност.