Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Илинден” Борче Мицановски присуствуваа на завршната Конференција на проектот ,,Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”, под слоганот ,,Ѕвончето те повикува – рециклирај стакло”.
На настанот на градоначалникот Георгиевски му беше доделена плакета за успешно спроведување на проектот во Општина Илинден, кој се реализираше во соработка со ЗЕЛС и ПАКОМАК, а со поддршка на германската развојна соработка, што ја спроведува ГИЗ, заедно со партнери од Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.
На настанот беа претставени најважните достигнувања на проектот, при што беше истакнато дека контејнерите за рециклирање на стакло во вид на ,,ѕвоно” го зголемиле собирањето на стаклена амбалажа за 90%. Кога постојат посебни контејнери во населбите, граѓаните се повеќе подготвени за селектирање на отпадот. Со поставувањето на 1400 ,,ѕвона” во рамки на проектот забележано е зголемено собирање на отпад од стакло за цели 90%, во 14 пилот градови и општини во Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Општина Илинден во рамки на проектот кој досега се спроведуваше има добиено 18 контејнери за рециклирање на стаклена амбалажа ,,ѕвона”, кои се распределени на повеќе локации на територијата на општината.