Општина Илинден го објави Годишниот отчет за работењето за 2025 година, во кој се презентирани реализираните активности, проекти и мерки спроведени во текот на годината.

Како што информира градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во отчетот се опфатени бројни проекти и интервенции во областа на патната и комуналната инфраструктура, образованието, културата, заштитата на животната средина, спортот, како и други значајни сегменти кои директно придонесуваат за унапредување на квалитетот на живеење на граѓаните во Општината.

Градоначалникот Георгиевски истакнува дека 2025 година е година на континуитет, одговорно работење и реализација на приоритетите утврдени во соработка со граѓаните. Посебно значаен е фактот што голем дел од реализираните проекти произлегуваат од иницијативи, предлози и потреби изразени токму од жителите на Општина Илинден.

Во прилог на оваа информација е објавен деталниот Годишен отчет за работењето за 2025 година, во кој јавноста може подетално да се информира за сите реализирани активности и постигнати резултати. Дополнително, Годишниот отчет ќе биде отпечатен и дистрибуиран до поголем број домаќинства на територијата на Општина Илинден, со цел транспарентно и директно информирање на граѓаните.

Електронско издание:

Извештај за работењето на Општина Илинден за 2025 година