Изготвен Годишниот извештај за работењето на Општина Илинден за 2023 година, во кој се објавени поголемиот дел од проектите кои се работени во текот на годината.

Како што информира градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски во извештајот се опфатени поголем дел од проектите во областа на патната и комуналната инфраструктура, образованието, културата, животната средина, проекти во делот на спортот и уште многу други кои допринеле за подобрување на условите за живеење во Општината.

Градоначалникот Георгиевски додава дека е задоволен од сработеното за 2023 година, затоа што се реализирани голем дел од планираните проекти. Особено радува податокот дека најголемиот дел од реализираните проекти беа посочени токму од граѓаните. Во прилог е деталниот Годишен извештај за работењето за 2023 година, во кој може подетално да се разгледаат активностите во општина Илинден. Дополнително Годишниот извештај ќе биде отпечатен и дистрибуиран до повеќе домаќинства во општина Илинден.

DOWNLOAD

Извештај 2022 година КЛИКАЈ ОВДЕ