- Version
- Download 3
- File Size 355.36 KB
- File Count 1
- Create Date 10.07.2024
- Last Updated 10.07.2024
Извештај за работа на одделението за инспекциски надзор-Инспекторат за период од 01.01-30.06.2024 година
Врз основа на член 35 од Законот за инспекциски надзор (Сл.Весник на РСМ бр.102/2019), и согласно со "Правилникот за формата и содржината на извештајот за работа на инспекциската служба за претходните шест месеци и на годишниот извештај за работа на инспекциската служба" објавен во (Сл.Весник на РСМ бр.238/2019), Раководителот на инспекциската служба донесува шестмесечен извештај за работата на инспекциската служба, односно во овој случај Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат најдоцна до 15 јули за периодот јануари-јуни во тековната година, односно најдоцна до 15 јануари за периодот јули-декември од претходната година, кој потоа се објавува на веб страната на општина Илинден.
Во шестмесечниот извештај се презентирани активностите на Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат кои беа превземени во тој период со цел исполнување на законските обврски за вршење на инспекциски надзор во сите области на инспекцискиот надзор од надлежност на инспекцијата на општина Илинден согласно со постоечката законска регулатива во периодот од 01.01-30.06.2024 година.