- Version
- Download 7
- File Size 6.10 MB
- File Count 1
- Create Date 27.12.2023
- Last Updated 15.02.2024
Барање за Б-Интегрирана еколошка дозвола за Ким Ком Трејд дооел
Согласно член 122 став 4 а во врска со член 99 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015, 39/16, 99/18 и 89/22), Градоначалникот на општина Илинден
О Б Ј А В У В А
Барање за Б-Интегрирана еколошка дозвола
за Ким Ком Трејд дооел
Согласно член 124 од Законот за животна средина („Службен весник на РМ“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18) до Градоначалникот на Општина Илинден доставено е Барање за Б- Интегрирана еколошка дозвола (бр. 11-3352/1).
Подносител на барањето: живинарска фарма Ким Ком Трејд дооел
Адреса: Ул. 9 бр.121а н.м.Илинден, општина Илинден
Категорија на инсталацијата: Прилог 2, точка 6.6а Инсталации за интензивно живинарство со капацитет од 5000 до 40.000 места за живина од Уредбата за определување на активности на инсталации за кои се издава Б-Интегрирана еколошка дозвола („Сл. весник на РМ“ бр. 89/05).
Вид на активност: фарма за одгледување на кокошки несилки со проектиран капацитет 13 284 места.
Ја информираме јавноста дека сите информации во врска со поднесеното Барање за Б интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни на јавноста во просториите на Општина Илинден, Секој работен ден од 08 – 16:00 часот како и на web страница на Oпштина Илинден: ilinden@ilinden.gov.mk.
Заинтересираната јавност во рок од 30 дена по излегување на оваа објава во дневен печат има право да достави коментари и мислења до Општина Илинден ул.9 бб Илинден или на e-mail:ilinden@ilinden.gov.mk.
Контакт телефон: 02 2571-703