Во просториите на Општина Илинден Градоначалникот Александар Георгиевски ги додели првите Решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување на велосипеди.

Како што истакна градоначалникот Георгиевски, Општина Илинден за прв пат ја спроведува оваа мерка за субвенционирање на купување на велосипеди, со цел да се стимулираат граѓаните почесто да ги користат велосипедите и велосипедските патеки, заеднички да придонесеме за поздрава и почиста животна средина и здрави навики за живеење.

Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2023 година, која трае до 30 април оваа година поради што ги повикуваме сите заентересирани граѓани да поднесат барање и да ги искористат поволностите кои ги нуди Општината. Износот кој го доделува Општина Илинден како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари по велосипед.

Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи нов велосипед сметано од 01.03.2023  до 30.04.2023 година.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.