Во Домот на култура „Илинден”, по повод Денот на крводарителството –17 ти Март, Црвениот крст им додели благодарници на крводарителите што имаат дарувано крв повеќе пати.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој се заблагодари на работната организација и хуманата мисија од страна на Црвениот крст, како успешни мотиватори на крводарителската мисија. Тој додаде дека, доброволното дарување на крв претставува израз на високи етички, хумани и морални вредности, да се дарува крв и да се спаси нечиј живот, е висок чин на хуманоста.
Крводарителите кои добија благодарници, споделија искуства, доживувања и ја истакнаа важноста на секоја капка дарувана крв, што значи живот.