Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, со црвени рози им го честиташе празникот 8-ми март на припадничките на понежниот пол во општинската администрација.

Со искрени желби за многу здравје, радост, среќа и љубов, градоначалникот им подари цвеќе и честитки на жените. Тој истакна дека денешниот ден е симбол на борба за еднаквост и рамноправност во општеството.