По повод верскиот празник Спасовден, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, ја посети црквата ,,Св. Спас” во населеното место Мршевци.
Градоначалникот Георгиевски ја искористи можноста на сите православни верници да им го честита празникот. Истовремено, честитки со сите оние што денес слават именден како и слава во чест на Свети Спас.