Денес чествуваме два големи историски празници за Република Македонија и македонскиот народ.

Денеска чествуваме 119 години од Илинденското востание и создавањето на Крушевската Република, како и 78 годишнина од првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), каде на 2 август 1944 година во манастирот „Свети Прохор Пчински“ се удрени едни од темелите на нашата државност.

Денеска оддаваме почит на македонските херои и великани, за нивната жртва, во време кога некои се подготвени да се одречат од нив, нивното херојство и нивниот придонес во создавањето на македонската држава.

Нека ни е честит Илинден.

Да живее Република Македонија.