По повод верскиот празник Ѓурѓовден, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ во Дељадровци.
Тој ја искористи можноста на сите православни верници да им го честита празникот.
„На сите православни христијани им го честитам големиот верски празник Ѓурѓовден, воспоставен во спомен на светителот Св. Ѓорѓи победоносец.
Истовремено, честитки до сите оние што денес слават именден, како и слава во чест на Свети Ѓорѓи.
Со Ѓурѓовден да ја празнуваме природата, разбудувањето на вегетацијата и животот воопшто.“