Реконструиран коловозот на  патниот  железнички премин Дељадровци-Мршевци, отпочната реконструкција на преминот Миладиновци- Бујковци 

Општина Илинден во соработка со ЈП „Македонски железници  и инфраструктура“ , го реконструираше  коловозот на патниот и железнички премин Дељадровци – Мршевци .

Известување – реконструкција на железничкиот премин Миладиновци

Се известуваат граѓаните на општина Илинден дека од (среда) 19.10.2022 година, започнува реконструкцијата на железничкиот  премин Миладиновци со нова  модерна патна подлога од рециклирани гумени елементи според високи стандарди, тоа ќе овозможи лесно и брзо поминување преку железниката пруга, и ќе се намали амортизацијата на автомобилите.

Отворен ден за бесплатна правна помош во Општина Илинден

Хелсиншкиот комитет како овластено здружение за пружање на бесплатна правна помош, спроведува активности во рамките на проектот „Унапредување на пристапот до правдата во Република Северна Македонија“ – поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Италија за промоција на услугите на бесплатна правна помош.

Известување – реконструкција на железничкиот  премин Дељадровци

Се известуваат граѓаните на општина Илинден дека од ( среда) 12.10.2022 година започнува реконструкцијата на железничкиот  премин Дељадровци со нова  модерна подлога од рециклирани гумени елементи според високи стандарди,  новата подлога ќе овозможи лесно поминување преку железниката пруга, и ќе се намали амортизацијата на автомобилите. Времетраењето на реконструкцијата на железничкиот патен премин Дељадровци се предвидува…

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 13.09.2022 год. (вторник ) со почеток во 22:00 часот, ќе се изврши петото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Известување – реконструкција на дел од локален пат Кадино–Мралино

За  потребите на општина Илинден од страна на изведувачот ДГПТУ увоз-извоз БИТЕМ ДООЕЛ ќе се врши реконструкција на дел од локален пат Кадино – Мралино по предходно добиената  Согласност од Секторот за внатрешни работи –Скопје со бр.22.21 – 8283/2 од 26.08.2022 година за утврдување на времен режим на сообраќај при реконструкција на дел од локален…