Општина Илинден и граѓаните заеднички го креираат Буџетот, презентирани нови предлози и идеи

Во рамки на проектот „Отворен ден во твојата Општина“, денеска во просториите на Општина Илинден граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози во функција за подобрување на квалитетот на условите за живот.

Општина Илинден ја обновува урбаната опрема, сообраќајната сигнализација,  во целост ги реконструира сите патни железнички премини

Општина Илинден секојдневно работи на обнова и поставување на нова урбана опрема, во изминатиот период  во неколку населeни места во Општината се поставени повеќе клупи и канти за отпадоци, се реконструираат автобуските постојки, се поставуваат тротоари и се градат пешачки патеки.

Општина Илинден редовно ја чисти и одржува каналската мрежа, исчистени  22.000 метри

Чистење и нивелирање на каналската мрежа, преставува континуиран процес на работа во служба на граѓаните.  Општина Илинден и АД Водостопанство „Скопско Поле“,  преку акциониот план за редовно одржување на проточност, интензивно работи на чистење на  каналите, досега во рамки на заштита на имотите на граѓаните од поплави, машински исчистивме мрежа на канали  во должина  речиси…

Реконструкција на главната улица во Мралино

Општина Илинден започна со реконструкција на главната улица во Мралино, во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура, изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалните улици и патишта. Станува збор за капитален проект кој опфаќа реконструкција на главната улица во Мралино во должина од 650 метри и изградба на пешачка патека по должина на…

Пуштено во употреба новото основно училиште во општина Илинден

Новата учебна година во општина Илинден почна за околу 2000 основци и 300 средношколци, а за прв пат во училишните клупи седнаа и 203 првачиња и околу 90 средношколци во прва година запишани во СОСУ ,,Илинден”.

Општина Илинден меѓу најтранспарентните општини и најголем раст во последната година

Според резултатите на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за мерење на степенот на активна транспарентност на државните институции за 2022 година, Општина Илинден е меѓу најтранспарентните инситуции, чија активна транспарентност изнесува 95,7 од 100%.