Општина Илинден отпочна со изградба на фекална канализација за дел од Кадино

Отпочна изградбата на капиталниот проект за изградба на фекална канализација за дел од населено место Кадино, во општина Илинден. Во рамки на проектот ќе се гради примарна мрежа со припадни краци на фекалната канализација за дел од населеното место Кадино во вкупна должина од околу 3500 метри. Оваа мрежа на фекална канализација преку препумпен уред…

Изградба на нова улица и пешачка патека во Јака

Општина Илинден започна со изградба на уште една улица во населбата Јака, која е во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта во Општина Илинден.

Ново возило за комунален отпад на ЈКП „Илинден“

Општина Илинден во континуитет ги подобрува комуналните услуги. Денес беше промовирано новото комунално возило на ЈКП „Илинден“ за собирање на комунален отпад, пришто повторно е подновен возниот парк на претпријатието. Специјалното возило за собирање на комунален отпад е со капацитет од 20м3, и ќе ги замени старите и дотраени возила наменети за собирање на комунален…

Асфалтирање на улица 36 во населба Илинден

Општина Илинден континуирано работи на подобрување на патната инфраструктура на нејзина територија. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта се изврши асфалтирање на улица „36“ во локалната економска зона „Карагач“ во населба Илинден.