Населба Илинден добива реконструирана водоводна мрежа на ул. „9“

Во рамки на заложбите за унапредување на комуналната инфраструктура и обезбедување поквалитетни услови за живот на граѓаните, Општина Илинден, во соработка со ЈКП „Водовод“, продолжува со активности за подобрување и модернизација на водоводната мрежа на територијата на општината.

Целосно реконструирано игралиштето при ООУ „Ристо Крле“ во Мралино

Општина Илинден го пушти во употреба реконструираното повеќенаменско игралиште во населеното место Мралино, современ спортско-рекреативен терен кој значително го менува изгледот и функционалноста на просторот и создава нов центар за спорт, дружење и активен живот на младите.

Општина Илинден започна со изградба на нова канализациона линија на ул. „8“ во н.м Илинден

Општина Илинден започна со реализација на нов инфраструктурен проект – изградба на нова канализациона линија на ул. „8“ во населеното место Илинден со цел подобрување на комуналните услови за жителите.

Општина Илинден започна поставување на прв асфалтен слој на улица „11“ во н.м Кадино

Градежните активности за унапредување на локалната патна инфраструктура во Општина Илинден продолжуваат со засилено темпо, при што во населеното место Кадино се започна со поставување на прв асфалтен слој на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино.

Општина Илинден започна со реконструкција на улица „111“ во м.в Јака – Марино

Општина Илинден продолжува со реализација на проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура, при што деновиве започна реконструкцијата на улицата „111“ во месноста Јака, во населеното место Марино.

Општина Илинден започна со реконструкција на улица „11“ во н.м Кадино

Градежните активности за унапредување на локалната патна мрежа во Општина Илинден продолжуваат со засилена динамика. Во изминатиот период продолжи реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во н.м Кадино, проект кој значително ќе придонесе за подобрување на безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура за жителите.