Тони Зен и Пајак дел од новогодишните случувања во Општина Илинден

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, Општина Илинден и оваа година, во соработка со општествено одговорни компании, ќе го организира традиционалниот Новогодишен базар, кој ќе се одржи на новоизградениот парк – плоштад во населеното место Марино.

Отпочна изградбата на улица „103“ во Јака

Во рамки на активностите за изградба на нови улици и патишта, се отпочнаа градежните работи за изградба на улица „103“ во населба Јака, во вкупна должина од 512 метри, тротоари од двете страни на улицата од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот.

Започна големата акција за пошумување „Зелена Општина Илинден“

На повеќе локации во општина Илинден се спроведува голема акција за пошумување, во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во рамки на акцијата која ќе трае во наредниот период ќе бидат засадени над 600 садници од повеќе видови, а целта е да се придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, унапредување на животната средина, како…

Општина Илинден, заедно со членовите на Хуманитарното здружение „Илинден“, го одбележа Светскиот ден на лицата со хендикеп

По повод Светскиот ден на лицата со хендикеп, кој традиционално се одбележува на 3 декември, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари средба со претставници на Хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“ – Скопје.

Новото раководство на ФК „Илинден“ на прием кај градоначалникот Георгиевски

На прием кај градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, беше дел од новото раководство на Фудбалскиот клуб „Илинден“, како и новиот претседател Ѓоко Стерјоски.