Општина Илинден потпиша Меморандум за соработка со цел поддршка на лицата со попреченост
Во рамки на одбележувањето на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Општина Илинден потпиша Меморандум за соработка со хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден” како и со здружението на граѓани за едукација, инклузија и ран третман на лица со посебни потреби „Боиме сино” од општина Илинден.